logo
logo
logo

Почнува сезоната на јагодите: ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО ПРАВИЛНО СЕ ЈАДАТ?

Vecer | 03.04.2021

Почнува сезоната на јагодите: ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО ПРАВИЛНО СЕ ЈАДАТ?

Пролетта е сезона на јагодите, но дали знаете како правилно се јада? Речиси сите, без исклучок правиме грешка кога се тие во прашање. Јагодите се богати со антиоксиданси кои се многу важни за здравјето на срцето. Содржат витамин Ц, калиум, влакна и многу малку калории. Меѓутоа, ако претерате може да бидат погубни за забите.

Многу намирници, вклучувајќи ги и јагодите, се богати со фолна киселина, а редовното конзумирање на ваквите намирници може да доведе до ерозија на забите. Станува збор за состојба која го уништува заштитниот слој на нашите заби.

Еднаш кога ќе го изгубиме тој слој не се обновува и може да доведе до бројни здравствени проблеми, а во најлош случај и да ги изгубиме забите.

За среќа, постојат одредени работи кои може да ги направиме за да се заштитиме:

Јадете јагоди со намирници кои не се кисели и имаат мал процент на шеќер. Оревите, бананите, јаболката и млечните производи се добар избор.

Почекајте неколку часа откако сте јаделе јагоди за плунката да го поправи заштитниот слој на забите, па потоа јадете нешто друго.

После јадењето јагоди напијте се вода со цел да ја исплакнете устата.

Не ги мијте забите, бидејќи со тоа дополнително ќе го уништите заштитниот слој. Чекајте барем 30 минути, па измијте ги забите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk