logo
logo
logo

И ОВА Е „СПОРТ“

Почнува првото ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО во СЕ*С во 16 дисциплини!

Vecer | 06.06.2023

Почнува првото ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО во СЕ*С во 16 дисциплини!

За прв пат во историјата се организира Европско првенство во секс! Домаќин е Шведска, а на сцената ќе има 20 учесници, а се почнува на 8 јуни и ќе трае два месеци. Ако се прашувате каква врска има ова со спортот... Во Шведска ова го водат како спорт!

Имаат дури и Шведската федерација за секс, која е официјална спортска асоцијација, која организира натпревари во својата област.

Сега отидоа чекор понатаму, па дури и го организираа Европското првенство. По десет мажи и жени ќе се борат во 16 дисциплини под будното око на судиите да соберат што повеќе поени и да стигнат до медал.

Сите овие дисциплини и што ќе се прави во нив се претставени од угледниот шпански Марка.

Ние немаме претставник на ЕП, а што се однесува до регионот ќе има една дама која доаѓа од Хрватска. Таа земја ќе ја претставува Марија Задравец (27). Таа очекува на претстојниот натпревар да се претстави во најдобро можно светло.

- За првите три места има богата награда, но точните суми засега не можам да ги кажам. Медал ќе добијат и најдобрите. Швеѓаните интимната врска ја сметаат за спорт... Исто така, победникот на натпреварот оди директно на Светското првенство - изјави Марија.

Погледнете ја нејзината опрема за овој натпревар. Интересно го споменува и Балканот, што значи дека сака да се бори за целиот регион.

Инаку, првиот човек на Шведската федерација за секс е Србин - Драган Братиќ! Тој е задолжен и за организацијата на претстојното големо натпреварување кое привлекува големо внимание.

- Има огромен интерес за овој натпревар во многу земји! Ќе биде забавно да се види кој е европски шампион во секс – изјавил Братиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk