logo
logo
logo

Почина славниот актер: ЖАН ПОЛ БЕЛМОНДО ја загуби животната битка

Vecer | 06.09.2021

Почина славниот актер: ЖАН ПОЛ БЕЛМОНДО ја загуби животната битка

Францускиот актер Жан Пол Белмондо почина на 88-годишна возраст. Белмондо е роден на 9 април 1933 година во предградието на Париз, а татко му Пол, син на сиромашни Италијани од Сицилија, бил успешен вајар кој за време на животот добил неколку значајни француски признанија.

Ѕвездата на францускиот Нов бран, Жан Пол Белмондо, можеби најпознат по улогите во „До последен здив“ и „Професионалецот“, почина на 88-годишна возраст, изјави неговиот адвокат за АФП. Неговата здравствена состојба подолго време не била добра, откако доживеа мозочен удар во 2001 година.

Белмондо кого го нарекуваа Бебел беше една од најголемите ѕвезди на киноблагајните во земјата во 60-тите и 70-тите години, а неправилните црти на неговото лице беа во остар контраст со извајаниот лик на неговиот ривал и понекогаш и соработник Ален Делон. Приватно беа најголеми прјатели, а на филмското платно остри ривали.

Како и Делон, Белмондо беше клучна фигура од извонредната генерација што снимаше европски филмови во тој период, а серијата филмови што ги сними со славниот режисер Жан Лук Годар, меѓу кои „Жената е жена“ и „Лудиот Пјеро“, оставија неизбришлив белег.

Белмондо ги специјализирал улогите на гангстери и никаквеци, иако постигна голем успех во 1962 година со Картуш, играјќи префинет мечувалец од 18 век, со Клаудија Кардинале. Улогата на ситниот гангстер Мишел во култното дело на Годар „До последен здив“, тогаш 26-годишниот Белмондо преку ноќ го нарави француски идол. Во текот на 1960-тите и 1970-тите години, името на Белмондо беше гаранција за успех на филмот.

Тој беше омилена филмска ѕвезда низ целиот свет, а има глумено во речиси сто филмски наслови, меѓу кои се „Професионалецот“, „Чочара“, „Човекот од Рио“, „Аферата Стависки“, „Ас над асовите“, „Борсалино“, како и четириесетина театарски улоги.

БЕЛМОНДО БИЛ СЛАБ НА ПОМЛАДИ ЖЕНИ: Имал бурен живот и бил со позната секс бомба

Вечното момче на францускиот филм и симболот на европскиот нов бран бил познат како голем заводник, а особено бил слаб на помлади жени. Иако не бил класичен холивудски убавец, сепак бил миленик на понежниот пол, а нивната наклонетост растела со неговата слава.

Елоди Константен му била прва сопруга и младешка љубов. Се венчале во 1953 пред да доживее професионален успех. Нивната прва ќерка Патрисија е родена во 1954, а загинала во пожар во 1994, ќерката Флоренс е родена во 1960, а во 1963 го добиле и синот Пол, кој станал возач на Формула 1. Но бракот бил далеку од идиличен, а дополнителен проблем правела големата слава која ја стекнал актерот.

Точно десет години по стапувањето во брак, Белмодно влегол во врска со швајцарската секс бомба Урсула Андерс, а кога врската им станала јавна и двајцата се разделиле од дотогашните сопружници. Но кон средината на 70-те врската им се распаднала.

1980 била многу интересна година за љубовниот живот на Белмодно затоа што тогаш ја запозна актерката и манекенка Карлос Сото Мајор, и со неа бил се 20о1 година.

Втората сопруга, актерката и танчарка Натали тардивел ја запознал во почетокот на 2000 година. Иако била помлада и од неговите деца, врската им потрајала подолго и од што некој очекувал. Натали била со него во август 2001 кога доживеал мозочен удар, а се венчале во 2002 и тој по четврти пат станал татко на ќеркичката Стела Ева Анџелин.

- Не ни сонував дека ќе се омажам за него. Никогаш нема да заборавам кога во 1975 година како 10-годишно девојче го запрев во Париз додека тој шеташе со Урсула Андерс и го замолив за автограм, бев луда од возбуда, рекла Натали.

Но таа брзо се заситила од животот покрај тешко подвижен маж, па во 2008 поднела барање за развод. Тој брзо потоа утеха нашол во Барбара Гандолфи, четири децении помладата стриптизерка и некогашна Плејбој зајачица. Но ни оваа врска не била хармонична, особено откако таа се нашла во средиштето на скандал откако биле откриени свинерските клубови што ги водела во Белгија и Франција. Тогаш било откриено дека Барбара повеќе ја привлекувало богатството на Белмондо отколку тој самиот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk