logo
logo
logo

Почина ЛЕГЕНДАРНАТА Рафаела Кара

Vecer | 06.07.2021

Почина ЛЕГЕНДАРНАТА Рафаела Кара

Златното доба на италијанската телевизија и културна сцена го одбележа познатата уметница, Рафаела Кара. Таа и на 78 години изгледаше фантастично. Семејството објави дека починала, а цела Италија жали по неа.

Пејачка, танчарка, актерка, водителка со меко срце, прекрасен изглед и пријатен глас, остана запаметена по своето познато шоу „Пронто Рафаела“.

Родена е во Болоња за време на војната во 1943 година како Рафаела Марија Пелони, а псевдонимот Кара и го даде италијанскиот режисер Данте Гвардамања кога во 1962 таа година тргна да го освои ТВ-екранот и срцата на милиони Италијанци и мажи.

Кара глумеше во десетици филмови, меѓу кои и „Von Ryan’s Express“ од 1965 година, со Френк Синатра, комедијата „Scaramouche“, учествуваше во емисиите „Tempo di Danza“, „Il Paroliere“ и „Questo Sconosciuto“ и друго. Таа во 2013. се врати на екраните, како ментор во шоуто за таленти „Гласот на Италија“. Истата година го објави и нејзиниот последен албум „Replay“. Според „ТГКОМ-24“, Рафаела Кара починала по долго боледување од рак на белите дробови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk