logo
logo
logo

„БАКНЕЖ НА ВЕНЕРА“: Еве кога се очекува уникатен феномен на небото

Vecer | 21.03.2025

„БАКНЕЖ НА ВЕНЕРА“: Еве кога се очекува уникатен феномен на небото

Планетата Венера утре ќе помине меѓу Земјата и Сонцето за време на таканаречената инфериорна конјукција, а поради исклучителната близина на планетата, овој настан е наречен и „бакнеж на Венера“, објави денеска АП.

Таквото порамнување се случува на секои 19 месеци поради начинот на кој Венера и Земјата орбитираат околу Сонцето, а моментот на инфериорна конјукција се случува околу 21 часот, источно стандардно време во САД.

Венера ќе биде исклучително тешка за гледање бидејќи има фази како Месечината, а пред и по спојувањето ќе изгледа како тенка полумесечина што може да се види само со телескоп.

По спојувањето, Венера ќе биде видлива на утринското небо непосредно пред изгрејсонце.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk