По сторијата на Канал 5, претставници од министерството за здравство заедно со доктор Александар Ристески од клиниката за псхијатрија дојдоа да ја видат 58 годишната жена со надеж дека ќе и помогнат да се охрабри и да дојде на клиниката да го победи стравот. Агнеза на докторот му раскажа за нејзиниот немир стравот да ја напушти куќата и дека ќе и се случи нејзе. Му раскажа за причината за стравот тешката операција, како од страв да излезе надвор ги напуштила студиите по право. Низ воздишка го слушаше и даде ветување ќе се обиде по 35 години живот со страв да излезе од куќата и малата улица и блиската продавница и ќе отиде во клиниката за да и помогнат.
Докторот по разговорот соопшти дека ја чека Агнеза во клиниката. Станува збор за состојба која долго време ја има Агнеза, но засега само се надева дека по неговиот совет и довербата кон Љатифа Шиковска активистка за човекови права ќе дојде на клиниката. Од министерството за здравство соопштија дека случајот ќе ги сплоти институциите и ќе помогнат. По лекарскиот преглед таа треба да оди на комисија за да добие пензија од нејзинот татко. Сега живее со минимална социјална помош.
Агнеза ги испрати гостите. „Стравот е уште во мене, ама морам да имам надеж дека ќе бидам подобра“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата