logo
logo
logo

По грешка уловил ајкула од 4 метри, за малку ќе настрадал кога сакал да ја врати (ВИДЕО)

Vecer | 20.03.2025

По грешка уловил ајкула од 4 метри, за малку ќе настрадал кога сакал да ја врати (ВИДЕО)

По кратка борба, го извлекол уловот на брегот - четириметарска голема бела ајкула, ни помалку ни повеќе.

Брановите беа пресилни.

Берд планирал забавен викенд со пријателите, а кога го видел морскиот предатор тежок 800 килограми, останал без зборови, пренесува The Sun.

Тој решил да ја врати ајкулата во морето, со помош на уште шест мажи. Следните 35 минути се обидувале да го турнат суштеството назад во водата, но брановите биле премногу силни.

Во еден момент бранот го турнал монструмот право кон луѓето, кои панично почнаа да бегаат.

Модринка на бутот

На крајот, тие ги здружија силите за да ја турнат во водата, а големата бела ајкула исчезна во длабочините. Берд ја објави снимката на Фејсбук и истакна дека доживеал нешто необично.

„Очекував голем улов, но не и ајкула“, рекол рибарот.

Подоцна објавил фотографија од бутот со голема, црвена модринка, која била предизвикана од контакт со морското суштество.

"Бев пресреќен кога ја ослободивме ајкулата. Ме лазат морници дури и кога размислувам за сцената", открил Берд.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by WTKR News 3 (@wtkr3)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk