logo
logo
logo

По еден век забрана, повторно дозволено капењето во Сена

Vecer | 05.07.2025

По еден век забрана, повторно дозволено капењето во Сена

Властите во Париз отворија три базени на сена: еден во близина на Ајфеловата кула, другиот во близина на катедралата Нотр Дам и третиот спроти Националната библиотека на Франција.

Базените имаат соблекувални и тушеви, ќе бидат надгледувани од спасувачи и ќе нудат простор за сончање, се вели во соопштението на градот. Пристапот до нив е бесплатен до пополнување на капацитетите, но само за луѓе кои знаат да пливаат. Базените ќе бидат отворени во текот на целото лето, а квалитетот на водата ќе се следи постојано.

- Сите ќе можат да пливаат во Сена од ова лето, изјави француската министерка за спорт Мари Барсак кога одлуката беше објавена во мај. Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, рече дека базените се обид да се подобри квалитетот на животот во француската престолнина по очекуваното зголемување на летните температури поради климатските промени.

Капењето во Сена официјално беше забрането во 1923 година. Сена беше место каде се одвиваа натпреварите во триатлон и пливање на отворени води на Олимписките игри во Париз во 2024 година, откако беа потрошени повеќе од милијарда евра за подобрување на квалитетот на водата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk