logo
logo
logo

По 70 години во Индија се родени четири гепарди

Vecer | 31.03.2023

По 70 години во Индија се родени четири гепарди

Малите гепарди се добиени од две од осумте единки донесени минатиот септември од Намибија во индискиот Национален парк „Куно“ во средишната индиска сојузна држава Мадја Прадеш, како дел од планот да има 50 од оваа раса големи мачки во Индија следните пет години. Јадав на Твитер рече дека овој подмладок е „важен за зачувувањето на дивиот“ свет во Индија.

И премиерот Нарендра Моди го поздрави раѓањето на младенчињата, како „прекрасна вест“.

Минатиот септември, три машки и пет женски единки од овој вид „чита“, беа донесени од Намибија во Индија. Од нив, една угина.

Овие диви мачки можат да се најдат во јужна и источна Африка - Намибија, Боцвана, Кенија и Танзанија. Според податоците на Светскиот фонд за природата, денес има помалку од 7.000 гепарди останати во дивината. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk