logo
logo
logo

По 65 години ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ на момчето пронајдено мртво во кутија во САД

Vecer | 08.12.2022

По 65 години ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ на момчето пронајдено мртво во кутија во САД

ПОВЕЌЕ од 60 години откако момче беше пронајдено мртво во кутија во Филаделфија, иследниците го идентификуваа детето со помош на ДНК анализа, соопшти полицијата.

Во случајот познат како „Момче во кутијата“, детето било пронајдено завиткано во ќебе во картонска кутија во шумска област во североисточна Филаделфија на 25 февруари 1957 година, објави Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца.

Идентитетот на момчето беше мистерија со години

Од центарот изјавиле дека момчето имало неколку лузни на телото и дека косата му била насилно исечена, пренесува CNN. Се проценува дека момчето имало меѓу четири и шест години. Тој тежел околу 13 килограми и изгледал неухранет, објави центарот.

„И покрај бројните обиди да се идентификува детето во текот на годините, идентитетот на момчето остана мистерија. Преку детективска работа и ДНК анализа, полицијата конечно успеа да го идентификува детето“, соопшти полицискиот оддел во Филаделфија.

Најстарото нерасчистено убиство во Филаделфија

Случајот „Момче во кутија“ е најстарото нерасчистено убиство во Филаделфија. Полицијата се уште трага по убиецот на детето, а има награда од 20.000 долари за информација која ќе доведе до апсење и осуда во случајот.

Полицијата денеска одржа прес-конференција на која го соопшти идентитетот на момчето, но и некои други детали. Властите го идентификуваа момчето како Џозеф Август Зарели. Неговиот датум на раѓање е 13 јануари 1953 година.

Внуката на Бил Кели, која ги зеде отпечатоците од прстите на момчето денот кога беше пронајдено, рече дека нејзиниот дедо би бил задоволен од развојот на настаните откако бил прв на сцената кога момчето било пронајдено.

„Никогаш не го заборави тој призор Мислам, како можеше? Тој беше експерт за отпечатоци. Тие отпечатоци му беа вкоренети во неговиот ум цел живот“, изјави таа за ABC News.

Фото: Национален центар за исчезнати и експлоатирани деца

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk