logo
logo
logo

Планинари и рекреативци по осми пат поминаа низ „Милениумска патека“ на Сува Гора

Vecer | 12.10.2025

Планинари и рекреативци по осми пат поминаа низ „Милениумска патека“ на Сува Гора

Оваа планинарска тура, која е наменета за почетници и рекреативци, претставува можност и за запознавање со големото и богато културно наследство во овој регион, а воедно има и едукативен карактер.

-„Милениумска патека“ првпат ја организиравме во 2018 година на иницијатива на Kомисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, како и МПЦ. Маршрутата ни започнува од село Блаце, а завршува во село Волковија, поминувајќи низ цркви и низ природните убави на оваа планина. Времето ни беше многу убаво, сите кои ја почнаа патеката ја завршија на крајната дестинација - црквата „Свети Мина“ во Волковија, изјави Борис Стојановски, претседател на ПК „Јелак“.

Годинава клубот евидентираше дека 154 планинари ја поминале патеката. Како и секоја година досега по организираниот превоз од Тетово движењето низ шумските предели почнува од крајот на селото Блаце. Таму прво се стигнува до месноста Самовилска вода и црквата „Света Троица“.

Од Самовилска вода колоната планинари се движи низ шумски предели кон атарот на селото Стенче, поточно до црквата „Света Петка“.

-Овој предел претставува единствена нагорнина која ја искачуваат планинарите и претставува движење од 720 до 880 метри надморска височина. По краток престој пак се движевме и стигнавме до археолошкиот локалитет – месност „Граиште“,  исто во Стенче, каде слушнавме за значењето на ова место во ранохристијанскиот период и ширење на православната вера, истакна Стојановски.

Потоа следува пешачење до црквата „Свети Илија“ за мал одмор, а најголемата пауза за одмор и јадење е во кругот на црквата „Света Екатерина“. Крајниот дел од турата е предвиден за посета на двете цркви во селото Волковија. Прво, месноста Волковска Чука и црквата „Свети Георги Победоносец“ и „Свети Мина“.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk