logo
logo
logo

ПИНК се понуди да ги плати казните на норвешките ракометарки кои одбија да носат тесни бикини гаќички

Vecer | 26.07.2021

ПИНК се понуди да ги плати казните на норвешките ракометарки кои одбија да носат тесни бикини гаќички

Норвешката женска репрезентација за ракомет на плажа нема потреба да се грижи за плаќање на казните за носење шорцеви на натпревар од Европско првенство, се чини дека за тоа ќе се погрижи американската пејачка Пинк (41).

Пинк на својот Твитер профил објави дека е многу горда на ракометарите и ја обвини Европската ракометна федерација за сексизам кон ракометарките.

- Многу сум горда на норвешките ракометарки поради нивниот протест против правилото за многу сексистичка облека. Европската ракометна федерација треба да биде казнета за сексизам. Ќе бидам среќна да ја платам казни за вас дами. Само напред - рече Пинк на Твитер и воодушеви многумина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk