logo
logo
logo

Пијана жена убила невеста веднаш по свадбената веселба, осудена е на 25 години затвор (ФОТО)

Vecer | 03.12.2024

Пијана жена убила невеста веднаш по свадбената веселба, осудена е на 25 години затвор (ФОТО)

Џејми Ли Комороски е осуден на 25 години затвор за несреќата во Јужна Каролина минатата година во која загина Саманта Милер додека сè уште беше облечена во венчаница, јавува Би-би-си.

Сопругот на жртвата, Арик Хачинсон, е меѓу тројцата повредени, меѓу кои и двајца членови на семејството кои биле во возилото со нив.

Тој плачеше на суд кога рече дека неговата нова сопруга „сакала таа ноќ никогаш да не заврши“, објави АП.

Судирот се случил во април 2023 година додека младенците се враќале назад кон нивното сместување по церемонијата.

Комороски е обвинета дека пиела во неколку локали, а потоа возела со брзина од 104 километри на час, двојно поголема од дозволената брзина. Таа со својот автомобил удрила во количката за голф во која се превезувале младенците.

Тестот покажал дека таа имала три пати повеќе од дозволеното ниво на алкохол во крвта.

Пред изрекувањето на пресудата, Комороски во судот рече дека се кае за сѐ и дека ја презема целата одговорност.

На судењето зборувал и сопругот на жртвата, кој рече дека не се сеќава на самиот инцидент бидејќи се здобил со повреда на мозокот и имал скршеници на коските, но се сеќава на последниот разговор со сопругата.

„Во количката за голф ми рече дека не сака ноќта да заврши, ја бакнав во чело. Следно што се сеќавам е будењето во болница“, додал тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk