logo
logo
logo

Пчели- убијци цели три часа боделе неподвижен дедо, лекарите биле шокирани од раните (ВИДЕО)

Vecer | 04.06.2023

Пчели- убијци цели три часа боделе неподвижен дедо, лекарите биле шокирани од раните (ВИДЕО)

Карлос Амос (81) бил спасен од сосед херој кој побрзал да се избори со ројот африкански пчели. Избодениот Амос минатиот петок го косел предниот тревник на неговиот дом во Мејсвил кога започнал нападот на пчелите. Тој се обидел да избега, но во еден момент паднал и го скршил десниот колк.

Амос бил боцкан од пчели повеќе од три часа пред да му помогне група мажи, а еден човек се нафатил да се бори со пчелите. Докторката која го лекувала во регионалната болница „Норман“ изјавила дека никогаш не лекувала пациент со толку екстремни убоди и дека тоа можело да биде опасно по живот бидејќи отокот може да ги блокира дишните патишта.

За време на нападот, Амос бил искасан од пчелите по целото лице, дури и во едното око, а болницата отстранила повеќе од 200 боцки од неговото тело. Дедото изјавил за локалните медиуми дека пчелите му влегувале во ушите и носот. Имал среќа што поради отокот не почнале да му се затвораат дишните патишта.

Амос имал операција на колкот ден по нападот и сега е префрлен во друга установа на рехабилитација. Неговото семејство нема да може да се врати дома додека пчелите не се отстранат од нивниот оџак.

Ќерката на Амос, Хедер Гарви, отвори страница GoFundMe за да собере пари за медицинските сметки на нејзиниот татко и за отстранување на гнездото.

- Тато беше сам дома и немаше кој да му помогне. Еден добар Самарјанин го најде татко ми и се јави на 911. Сега е во добро расположение, но ќе биде долг пат до опоравување. Ќе му треба терапија за да застане на нозе. Пчелната кошница ќе мора да се отстрани пред да може да си оди дома, напиша Гарви.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk