logo
logo
logo

Папата Лав Четиринаесетти во посета на Турција и Либан

Vecer | 26.11.2025

Папата Лав Четиринаесетти во посета на Турција и Либан

Поглаварот на Римокатоличката црква утре ќе ја посети Турција, каде ќе бидат одбележани 1700 години од првиот екуменски собир во Никеја и ќе има заедничка молитва во вселенскиот патријарх Вартоломеј во Изник, а предвидено е и потпишување на заедничка декларација.

Посетата на Турција има и дипломатско значење во зајакнувањето на односите меѓу католичката и православната црква.

Папата Лав во Либан ќе им пружи поддршка на локалната христијанска заедница и на сите Либанци погодени од експлозијата во пристаништето Бејрут во 2020 година. За време на посетата, планирана е молитва на местото на експлозијата и средби со млади луѓе.

Папата Лав, како што е најавено, во Турција говорот ќе го одржи на англиски јазик, а во Либан на англиски и француски јазик.

Тој нема да го посети јужен Либан, каде дејствува Хезболах, поради безбедносни причини.

Патувањето ќе трае од 27 ноември до 2 декември, а ќе вклучува и дипломатски средби со локалните и регионалните лидери.

Се очекува папата да одржи прес-конференција во авионот по враќањето во Рим на 2 декември. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk