logo
logo
logo

Папата Франциск приватно се сретна со кралот Чарлс Tрети и кралицата Камила

Vecer | 10.04.2025

Папата Франциск приватно се сретна со кралот Чарлс Tрети и кралицата Камила

 Средбата, како што пренесува италијанската новинска агенција АНСА, се одржала во неговата резиденцијата во домот Света Марта во непосредна близина на базиликата Свети Петар во Ватикан. 

Тоа беше првата јавно позната средба на папата со некој државник по неговото враќање во Ватикан, откако помина пет недели во болница поради пневмонија.

Папата Франциск претходно планираше и официјално да го прими кралот Чарлс, но таквата посета беше одложена поради здравствената состојба на понтифот.

Папата упати нова покана за приватна средба, но исходот зависеше од неговото здравје. Посетата траеше околу 20 минути и опфати размена на подароци.

Продолжуваат дискусиите за идната посета на монархот на Ватикан.

Во соопштението на Ватикан се вели дека папата им посакал среќна годишнина на Чарлс и Камила, а кралот и кралицата за возврат му посакале негово брзо закрепнување. Бакингемската палата соопшти дека тие биле воодушевени што здравјето на папата било доволно добро за да им биде домаќин.

Папата се опоравува во Ватикан од 23 март, а во неделата се појави пред верниците на плоштадот Свети Петар. Во тоа време тој бил во инвалидска количка и носел маска за кислород.

Кралот Чарлс е во Италија на своето прво патување во странство оваа година по лекувањето во болница поради несакани ефекти поврзани со рак. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk