logo
logo
logo

Папата Франциск ја отвори „светата врата“ во затвор на периферија на Рим

Vecer | 26.12.2024

Папата Франциск ја отвори „светата врата“ во затвор на периферија на Рим

Папата стана од инвалидската количка, тропна на вратата од затворската капела и помина низ вратата, повторувајќи ја церемонијата што беше извршена во базиликата „Свети Петар“ пред два дена, на Бадник.

Во обраќањето пред стотици затвореници, чувари и персонал во затворот „Ребибија“ на периферијата на Рим, папата Франциск рече дека сака да ја отвори вратата, која е дел од капелата на затворот и е една од само петте што ќе бидат отворени во текот на јубилејната година, за да да покаже дека „надежта не разочарува“.

„Во тешките моменти сите можеме да мислиме дека се е готово“. Не губете надеж. Тоа е пораката што сакав да ви ја пренесам. Не губете надеж“, рече понтифот

Папата Франциск завчера ја отвори светата врата на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, со што се одбележува официјалниот почеток на јубилејната година на Католичката црква. 

На секои 25 години, Католичката црква слави посебна света година позната како јубилеј.

За време на јубилејот, католичките верници можат да добијат прошка за своите гревови преку молитва и покајание. Ова исто така вклучува аџилак во Рим и поминување низ Светите Порти.

Јубилејот во 2025 година официјално завршува на 6 јануари 2026 година. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk