logo
logo
logo

Пандемијата ги дели, МОСТ ГИ СПОЈУВА, близнаци може да се видат, ама не и прегрнат (ВИДЕО)

Vecer | 13.05.2021

Пандемијата ги дели, МОСТ ГИ СПОЈУВА, близнаци може да се видат, ама не и прегрнат (ВИДЕО)

Двајца 73-годишни шведски близнаци се среќаваат секој викенд на мостот којшто ги поврзува Норвешка и Шведска, но ниту еден од нив не преминува од другата страна на границата поради ограничувањата наметнати поради пандемијата

Веќе една година на браќата не им е дозволено да одат на домашни посети поради ситуацијата, меѓутоа, тие најдоа начин да се видат и да бидат блиску еден до друг.

Секој викенд, без оглед на временските услови, Ола и Понтус Берглунд одат на мостот и до белата линија на земјата, која сè уште не е дозволена да се премине.

Со себе носат столици и храна како за на пикник и многу добро расположение

- Не смееме да ја преминуваме границата. Морам да останам метар подалеку од мојата страна, а тој еден метар подалеку од неговата страна - објасни Ола, додека малите норвешки и шведски знамиња, кои ги закачија на мостот, се вееја на ветрот.

Во суштина, како што објасни, мора да има растојание од два метра меѓу нив двајца.

Под нивните нозе е тенка бела линија, од едната страна пишува Норвешка, а од друга Шведска.

„Пандемијата не не запре“

Пандемијата ги спречила неделните домашни посети на близнаците, па затоа морале да најдат друг начин да се видат.

Ола живее во Халден, во југоисточна Норвешка, каде што се преселил пред скоро 40 години, додека Понтус живее во југозападниот шведски град Стромстад, на половина час возење од таму.

Наместо домашни посети, тие одат заедно на стариот мост Свинесунд, кој се протега преку фјордот меѓу двете земји.

На овој начин тие ги прославија своите 72 и 73 родендени на 20 април.

- Тоа е многу чудно, но стана потреба, итна потреба, затоа што се гледавме секоја недела и сакавме да продолжиме. Пандемијата не запре ниту за нас, тоа е победа - вели Понтус од шведска страна.

Браќата станаа локални sвезди, а некои луѓе возат неколку часа за ги фотографираат.

- За нас не е важно. Најважно е да можеме да бидеме заедно и да разговараме за работите што ги сакаме - рече Ола.

Повеќе од една година, тие пропуштиле само три средби поради полицијата која не ги пуштила на мостот.

Инаку, тие се среќавале и на снежни бури и топлина, едноставно облекувајќи се како што налага времето.

- Секој состанок е мала забава. За мене, кој живеам сам, многу е важно да го видам Ола. Без тоа, би бил депресивен - рече Понтус, кој е разведен.

На прашањето дали му недостигаат прегратки со неговиот брат, Понтус одговори потврдно.

„Понекогаш се прегрнувам затоа што сме идентични близнаци“, заклучува Понтус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk