Една од најпознатите англиски кралици, Мери I Тудор, која ја запечати својата историска улога под прекарот Крвава Мери, умрела во Лондон во 1558 година на 42-годишна возраст.
Мери Тудор, ќерка на кралот Хенри VIII и Катерина Арагонска, е родена во 1516 година и била единственото дете од нивниот брак.
Иако со кралска крв, Марија имала тешко детство. Била запоставена, а родителите ги гледала само за време на верски празници. Кога на 11-годишна возраст се вратила во дворот нејзиниот живот се свртел. Хенри решил да се разведе од Кетрин, што и го направил.
Кога имала 20 години, ситуацијата повторно се променила. Сопругата на новиот крал била обвинета за предавство и убиена.
Кога дошла на власт, имала 37 години и веднаш почнала да работи на зајакнување на католицизмот.
Поради начинот на кој го „зајакнала католицизмот“ станала позната како Крвавата Мери.
Бракот на Крвавата Мери со милитантниот католик Филип само ја зајакнала неговата желба да се бори против протестантите. Во текот на есента 1555 година, започнале прогонствата на еретиците.
Многу важни луѓе од тоа време биле запалени на клада, по наредба на Мери. И неписмени селани и свештеници биле убивани ако не го прифатат католицизмот. Се верува дека таа убила повеќе од 300 луѓе.
Таа умрела осамена, додека Филип се вратил во Шпанија, а ја наследила нејзината сестра Елизабета. Ја погребала како што доликува и денот на нејзината смрт го прогласила за празник.
.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата