Крис и Софи Ходер, како и нивните две мали деца, останаа „заробени“ за време на сафари во националниот парк Tsavo East, на 50 километри од нивната планирана рута.
Подигнати авиони и хеликоптер
Семејството влегло во националниот парк на 5-ти април, попладне, со намера да кампува две ноќи. Откако не се пријавиле кај властите, започнала итна спасувачка акција.
По изгубените туристи трагале два авиони и хеликоптер, како и спасувачи со теренски возила, пишува „Дејли мејл“.
Клучна одлука за опстанок
Тие конечно биле лоцирани во понеделник наутро и пренесени на безбедно. Биле во добра здравствена состојба, а надлежните истакнуваат дека одлуката да останат во нивното возило била пресудна за нивниот опстанок!
На социјалните мрежи се објавени снимки и фотографии од џипот Тојота, опремена со покривен шатор, заглавена во област каде живеат речиси 700 лавови.
Family of four that went missing in Tsavo East National Park on Saturday rescued 50 KMs off their planned route. They were unharmed and in good health pic.twitter.com/clL41gUFUs
— Citizen TV Kenya (@citizentvkenya) April 8, 2025
„Имаа среќа“
„Имаа среќа што беа пронајдени затоа што залутаа од главната рута за патување. Оваа област е многу оддалечена и вообичаено не ја посетуваат туристите“, се вели во извештајот.
Останува нејасно зошто Крис и Софи веднаш не повикале помош кога останале заглавени во дивина во текот на викендот, но се верува дека проблемот бил недостатокот на сигнал за мобилниот телефон.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата