logo
logo
logo

Овој викенд започнува летното сметање, А КАКО ВЛИЈАЕ НА НАС, АКО МИСЛИТЕ 1 ЧАС НЕ Е ПРОБЛЕМ СЕ ЛАЖЕТЕ

Vecer | 26.03.2025

Овој викенд започнува летното сметање, А КАКО ВЛИЈАЕ НА НАС, АКО МИСЛИТЕ 1 ЧАС НЕ Е ПРОБЛЕМ СЕ ЛАЖЕТЕ

Викендов почнува летното сметање на времето, со што ќе имаме подолг ден. На 30. март во 02:00 часот се поместуваат стрелките за еден час нанапред, па така времето во 02:00 часот, се смета како 03:00 часот.

Промените во телесниот часовник може да доведат до проблеми со спиењето кои траат со недели, а научните истражувања покажуваат дека постои зголемен ризик од срцеви и мозочни удари веднаш по преминувањето на новото време. Покрај тоа, летното сметање на времето е поврзано и со пораст на сообраќајните несреќи, особено во утринските часови.

Телесниот часовник, или деноноќниот ритам, се регулира преку изложеноста на светлина. Утринското сонце го ресетира ритамот, додека вечерната светлина го одложува лачењето на мелатонин – хормонот кој предизвикува поспаност. Со поместувањето на времето во март, телото тешко се приспособува на новиот ритам, што доведува до замор, недостаток на концентрација и зголемен ризик од хронични болести.

Истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон е поврзан со зголемен крвен притисок, срцеви заболувања, дебелина и когнитивно опаѓање. Сообраќајните несреќи со фатални последици исто така се зголемуваат во првите неколку дена по преминот на летното време. Анализите во САД покажале дека ризикот е најголем во утринските часови, кога возачите се најмалку одморени.

Лекарите предупредуваат: Првиот понеделник по промената е критичен

Според Американското здружение за срце, бројот на срцеви удари значително расте во понеделник по воведувањето на летното сметање на времето, додека мозочните удари се зачестени два дена подоцна. Истражувачите не се сигурни зошто ова се случува, но се претпоставува дека ненадејното нарушување на телесниот ритам дополнително ги влошува веќе постоечките здравствени проблеми како што се висок крвен притисок и срцеви заболувања.

Како да се прилагодите на летното сметање на времето?

Експертите советуваат неколку стратегии за полесно адаптирање на новото време:

– Легнувајте 15-20 минути порано во деновите пред промената.

– Будете се во исто време секое утро за да помогнете во регулирањето на телесниот часовник.

– Изложете се на утринско сонце, особено во првата недела од новото време.

– Прилагодете ги дневните рутини, како што се времето за вечера или вежбање.

– Избегнувајте попладневни дремки, кофеинот и користењето на мобилни уреди навечер, бидејќи тие дополнително го одложуваат циклусот на спиење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk