logo
logo
logo

Ирак ќе го снабдува Либан со гориво уште шест месеци

Vecer | 30.03.2025

Ирак ќе го снабдува Либан со гориво уште шест месеци

Со тоа се обновува договорот за надминување на големиот недостиг на електрична енергија во Либан.

Според договорот за мазут, првпат договорен во јули 2021 година, Ирак и обезбедува гориво на либанската влада во замена за услуги, вклучително и здравствена заштита за ирачките граѓани.

Либан потоа го заменува мазутот за гас, што може да го користи во своите електрани, кои работат со делумен капацитет со децении.

Финансиската криза влијаеше на способноста на земјата да набавува гориво и на тој начин го отежна производството и обезбедувањето електрична енергија. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk