logo
logo
logo

Овој предмет НЕ СЕ ПОДАРУВА дури ни на НЕПРИЈАТЕЛ! Се верува дека носи болест и несреќа

Vecer | 02.06.2023

Овој предмет НЕ СЕ ПОДАРУВА дури ни на НЕПРИЈАТЕЛ! Се верува дека носи болест и несреќа

Кај народот огледалото отсекогаш се сметало за мистичен предмет. Во старите денови се користело за гатање  судбина и „фрлање магии“. Се верувало дека ја собира негативната енергија на сите оние кои се погледнале во него.

Таквото „валкано“ огледало може да внесе болест, неуспех, па дури и смрт во куќата. Затоа, во античко време, луѓето не само што не си давале огледала еден на друг, туку и не ги чувале во куќата.

Според сè уште цврсто врежаното верување, подареното огледало се смета за лош знак и сигурно ќе доведе до кавги и раздор. И тоа не само меѓу оној кој го подарил и оној кој го прифатил, туку и во домот на примателот на подарокот.

 

Ogledalo

Освен тоа, лицето кое го купило огледалото не треба да се гледа себеси во него додека не и го предаде на личноста за која е наменето.

Се смета дека огледалата се особено непожелен подарок за роденден, свадба или Нова година, бидејќи тие можат да ја лишат личноста од среќа седум години и да придонесат за развој на сериозни болести.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk