logo
logo
logo

Овој поштар го освои светот: Доставува пошта и позира со животните кои ги среќава додека е на работа

Vecer | 26.07.2021

Овој поштар го освои светот: Доставува пошта и позира со животните кои ги среќава додека е на работа

Поштар од Бразил, по име Кристијано да Силва Антунес, стана популарен на интернет, фотографирајќи се со животните со кои се среќава во куќите и во дворовите до кои доставува пошта.

Антунес се нарекува себеси „Carteiro Amigo Dos Animais“, што значи на „поштар што е пријател на животните“. Како што изјавува многупати на Инстаграм, главната негова цел на објавувањето на фотографиите е да се сруши урбаната легенда дека животните и поштарите не се сакаат.

Веселиот поштар внимателно го поздравува секое животно на кое ќе наиде. Ги гали и откако ќе ја добие нивната доверба – се фотографира со нив. Снимките потоа ги објавува на своите социјални мрежи, каде што сега го следат повеќе од 100.000 луѓе. Покрај тоа, Антунес се труди да им помогне на што повеќе напуштени и повредени животни.

Мноштво фотографии што прикажуваат спасување животни се достапни на неговите профили на Фејсбук и на Инстаграм. Неговите фотографии редовно добиваат по неколку илјади допаѓања, а има следачи ентузијасти од целиот свет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk