Ако се прашувавте што не е добар подарок да му подарите некому за роденден или прослава - еве што велат верувањата. Кога одите да купувате подароци за вашите најблиски, запомнете дека има работи за кои се верува дека не се подаруваат, бидејќи тие привлекуваат негативна енергија и неуспех во животот на личноста на која и ги подарувате!
<b>Остри предмети</b>: Прибор, ножици, ножеви и други остри предмети привлекуваат негативна енергија како магнет. Можете да ги купите за себе, но не како подарок за некој друг.
<b>Огледало</b>: Се верува дека огледалата содржат магија и затоа не треба да се купуваат како подарок. Наводно, подарените огледала носат проблеми во животот на оној кому се даваат.
<b>Медицински помагала</b>: Мерачите, масажерите и домашните терапии не треба да се купуваат или примаат како подароци, бидејќи се верува дека го влошуваат вашето здравје.
<b>Садови: </b>Ако сакате некому да подарите тенџере или чаши, ставете паричка во секој сад зашто празните носат сиромаштија.
<b>Часовник: </b>Кинеските мудреци веруваат дека прифаќањето на часовникот како подарок го означува почетокот на одбројувањето до смртта. Исто така, тие веруваат дека подарениот часовник предизвикува прекин во врската или далечина.
<b>Паричник:</b> Како и садовите, паричниците не се подаруваат празни. Ако подарите празен паричник, привлекувате сиромаштија или губење на паричникот, пари, скапоцености...
<b>Бисери: </b>Се верува дека бисерите носат болест и загуба во домот. Бисерите се симбол на солзите на сирачињата и вдовиците и токму затоа настанало верувањето за подарување бисери.
<b>Марама:</b> Внесуваат неволји и лоши луѓе во животот на оној што добива ваков подарок.
<b>Бидете внимателни со книгите: </b>Можете да им ги дадете на пријателите и роднините, но не и на вашиот сопружник. Се верува дека овој подарок во бракот може да привлече предавство. Без разлика дали сте суеверни или не, кога купувате подарок за некој близок, запомнете едно - она што е дадено од чисто срце и љубов, не може да донесе несреќа!