Овие пет работи не правете ѝ ги на вашата коса!

За жал, овие навики се многу чести кај повеќето жени, па треба навреме да исправат, пред оштетувањето на косата да биде преголемо.
1. Редовно носење залижана пунџа
Тејлор советува да не се залижува косата наназад или да ме се собира во пунџа повеќе од еднаш неделно. Иако на сите ни се допаѓа кога косата не ни паѓа по лицето и во очите, влечењето на косата наназад предизвикува тракциона алопеција и повлекување на линијата на косата.
2. Честа употреба на ластиче за коса
Наместо еластичните стегачи кои предизвикуваат тракциона алопеција и кршење на косата, одлучете се за стегачи обложени со свила или сатен, бидејќи овие материјали се многу помеки и понежни за косата.
3. Влегување во базен додека вашата коса е сува
Тејлор вели дека косата е како сунѓер и дека ако не ја натопиме со чиста вода пред да влеземе во базенот, таа ќе ја впие хлорираната вода од базенот која ја оштетува косата. Освен тоа, хлорот во базените ја позеленува косата кај фарбаните и бланшираните русокоси.
4. Одење во кревет додека вашата коса е уште влажна
Трихологот советува дека ова никогаш не треба да го правиме. Косата е најранлива и најслаба кога е мокра. Затоа, спиењето со влажна коса може да предизвика големо оштетување на вашата коса.
5. Сушење на косата веднаш по излегување од бањата
Наместо да земете фен веднаш по туширањето, оставете ја косата да се исуши природно во најголем дел. Кога ќе биде 80% сува, можете да земете четка и фен и да ја стилизирате. Исто така, секогаш кога е можно, избегнувајте да ја четкате влажната коса. На овој начин ќе ја намалите можноста за нејзино оштетување и ќе ја зачувате здрава, јака и убава.