Постојат луѓе со кои ништо не може да правите и ништо не им е интересно. Што да направите не можете да им погодите, тие постојано ќе имаат замерки, постојано ќе критикуваат. Со овие луѓе така е и во сексот. Со нив никако нема да се погодите. Постојат верувања дека тоа е особина која ја ја одредуваат ѕвездите. Затоа пред да започнете авантура со член на еден од овие ликови, размислете повторно.
Иако вештините варираат од личност до личност, шансите се дека нема да имате што да им кажете на пријателите следниот ден ако вашиот партнер е роден во еден од овие хороскопски знаци:
Рак
Раковите сакаат да зборуваат. Пред секс, тие сакаат да коментираат за ситуацијата во која сте моментално. Но, приказната не застанува тука. Раковите продолжуваат со приказната за време на самиот чин и се многу критични ако нешто не им се допаѓа. Понекогаш тие ќе инсистираат на изјава за љубов и ќе се налутат ако не го добијат она што го сакаат.
Девица
Општо е познато дека никој не е доволно добар за Девиците и сакаат да им дадат до знаење на сите. Тој ќе ви замери на секоја ситница и ќе го уништи вашето добро расположение во еден момент. Тие се убедени дека тие се убедливо најдобрите љубовници и дека никој не може да им парира.
Јарец
Луѓето родени под овој знак се невидени егоисти. Ќе бараат да го правите само она што им одговара, и нема да вложат ниту најмал напор да уживаат во моментот. Ако забележите дека тие не ве гледаат за време на сексот, тоа е затоа што тие замислуваат друга личност.
Риба
Емоционалноста на Рибите е голема маана кога станува збор за сексот. Иако првите неколку пати ќе се обидат да ги потиснат своите чувства, тие брзо ќе го покажат своето вистинско лице. Немојте да се изненадите ако плачат за време на самиот чин, па дури и малку порано.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата