Многу туристи носат храна со себе на плажа. Сепак, на високи температури може да биде многу опасно.
„Доколку планирате да го поминете цел ден на плажа, би било добро да имате рачен фрижидер. Само така можете да понесете и храна од животинско потекло. Доколку не го носите тој фрижидер, најдобро е да го носите сува храна, можеби со некои месни производи кои се посуви и помасни, иако е тешко да се јаде на високи температури, најдобро е да се понесе разладен зеленчук, салата и овошје, како и нужно вода“, објаснува др. Верослава Станковиќ, диететичар.
Посочува и дека треба да се избегнуваат намази во сендвичите бидејќи можат многу брзо да се расипат.
„На 35 степени многу добро се развива салмонела, како и ешерихија коли и стафилококи. Бактериите можат да доведат до цревни инфекции кои не се ни малку наивни. “ објаснува Станковиќ.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата