logo
logo
logo

ОВА СЕ ИДЕАЛНИТЕ ГОДИНИ ЗА БРАК и како пресметале

Vecer | 19.03.2023

ОВА СЕ ИДЕАЛНИТЕ ГОДИНИ ЗА БРАК и како пресметале

Одлуката за брак е една од најважните одлуки што ги носиме.  Возрасната граница за стапување во брак е поместена во однос на периодот од пред 50 години, но науката и математиката велат дека треба да се почитува правилото „37 проценти“. Според тој алгоритам, најдобрата година за брак е околу вашиот 26-ти роденден, пишува Yourtango.

Оваа бројка доаѓа од книгата „Алгоритми за живот: Компјутерска наука за човековото одлучување“, напишана од новинарот Брајан Кристијан и когнитивниот научник Том Грифитс. Според нивната книга, луѓето ги носат најдобрите одлуки откако ќе разгледаат 37 проценти од опциите.

Тие го користат примерот на проверка на апликантите за работа и тврдат дека по проверката, 37 проценти од луѓето што аплицирале би имало смисла да го изберат кандидатот кој е квалификуван, без дополнително пребарување.

Ова оди чекор понатаму, велејќи дека ова правило функционира и за избор на партнер. Опсегот во кој луѓето бараат љубов е помеѓу 18-40 и 37 проценти - значи 26. После ова, квалитетот на опциите почнува да опаѓа.

Многу експерти се согласуваат дека возраста блиску до третата деценија е најдобра за одење по патека. Психологот Вајат Фишер вели дека овој период од животот е идеален за смирување бидејќи веќе сте завршиле училиште и сте почнале да градите кариера.

Социјалната работничка Келси Торгерсон смета дека е клучно мозокот целосно да се развие за да се најде идеалната личност, а тоа е околу 25-годишна возраст.

- Верувам дека е најдобро да се почека до 25-тата година - вели Келси.

- Важно е и со партнерот да поминувате низ стресни ситуации, па ако имате средношколска драга, треба да видите како двајцата се справувате со факултетските обврски, врската на далечина, студирањето во странство или вработувањето. Треба да имате стратегии за управување со конфликти за да го одржите вашиот брак здрав и успешен.

Терапевтот за врски Вина Клинс оди чекор подалеку и смета дека „волшебната бројка“ за стапување во брак е 28, барем кога станува збор за девојките во САД.

- Моето клиничко искуство покажа дека девојките кои ќе наполнат 28 години покажуваат самосвест и самодоверба при изборот на партнер - објаснува Клинсова.

- Повеќето од нив имаа време да истражат што сакаат на професионален и личен план, да откријат какви квалитети бараат кај животниот партнер и да научат од грешките што постоеле во претходните емотивни врски. Имаа време да го завршат образованието, да започнат кариера и да доживеат самостоен живот.

За мажите, Клинс вели дека „магичниот број“ кога би можеле да се венчаат е 32 и објаснува зошто:

- Чекањето до 32 години им дава шанса на мажите да се смират професионално и потенцијално да напредуваат пред да стапат во брак. Исто така, им дава можност да се развиваат социјално и емоционално преку самостоен живот и состаноци. До 32 години, многу мажи имаат идеја за тоа како сакаат да изгледа нивниот брачен живот. Тие, исто така, имаат трезвена перспектива за раѓање деца и гледање на нивната улога во заедничкото родителство. Ова придонесува за здраво партнерство.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk