Деновиве на социјалната мрежа ТикТок кружив видео од зграда која наместо надворешни, има внатрешни балкони. Видеото за кратко време стана вирална, а ТикТок корисничката Рејчел која го објавила истото вели дека ова е зграда за студенти.
Имено, таа таму видела комплекс со внатрешни балкони.
Рејчел признала дека никогаш не видела вакво нешто, па напишала дека ова е „најчудниот комплекс што некогаш го видела“.
@rayyy.of_sunshine??? just so weird #scary #fyp #viral #abandoned #virginiatech ♬ Amityville Horror - Scary Halloween Sound Effects - Halloween Sound Effects
Според неа, причината зошто овие станови имаат затворени балкони е дека „некои простории немаат прозорци и очигледно тоа не ги исполнува правилата за заштита од пожари“.
Додавањето балкон е во ред бидејќи „ако има пожар, луѓето можат да скокаат од балконот“, пренесува Independent.