logo
logo
logo

Ова е вистинската причина за смртта на Ен Хеч

Vecer | 19.08.2022

Ова е вистинската причина за смртта на Ен Хеч

Според извештајот од обдукцијата, познатата актерка, Ен Хеч, починала од вдишување чад и топлински повреди предизвикани од сообраќајната несреќа што се случила на 5-ти август.

Како што објави E! News  има уште еден фактор кој што придонесол за смртта на познатата актерка, а тоа е фрактура на градната коска поради траума со тапа сила.

Записите го наведуваат 11 август како датум на нејзината смрт, а начинот на смрт е прогласен за несреќен случај.

Ен Хеч падна во кома по катастрофалната сообраќајна несреќа. Таа имаше тешка повреда на белите дробови за која и беше потребна механичка вентилација, а изгорениците бараа хируршка интервенција.

Да потсетиме на 5 август, Ен со својот автомобил Mini Cooper удри во гаражата до куќата во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Автомобилот и куќата се запалиле, а Хеч била извлечена од урнатините. Несреќата предизвикала голем пожар, а на 59 пожарникари им биле потребни 65 минути да се приближат, да го ограничат и целосно да го изгаснат пламенот во внатрешноста на оштетената куќа.

Странските медиуми објавија детали за тоа како Ен побегнала од местото на втората несреќа пред да удри со своето возило во гаражата. Таа, наводно, поминала низ знак за стоп и возела со 144 километри на час.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk