logo
logo
logo

Ова е најскапиот сладолед на светот, чини повеќе од 800 евра!

Vecer | 01.06.2021

Ова е најскапиот сладолед на светот, чини повеќе од 800 евра!

Сладоледот "Serendipiti’s Golden Opulence Sundae" добил место во Гинисовата книга на рекорди како најскап десерт во светот.

Станува збор за десерт кој мора да се нарача најмалку 48 часа порано, а доаѓа во комплет со три топки тихитски сладолед од ванила прекриени со ливчиња од 23-каратно злато, какои бадеми, кавијар и орхидеи од злато кои се прават осум часа, со кандирано овошје од Париз .

Се служи во чаша од кристал Бакара од 350 долари и со лажица од 18-каратно злато.

Сладоледот содржи само најквалитетни состојки, вклучително и скапо чоколадо од Тоскана и зрна ванила увезени од Мадагаскар.

Епа, на здравје!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk