Кралот Чарлс се виде со својот син, принцот Хари на само 30 минути со цел да го задржи нивото на стрес на ниско ниво, изјавил кралски експерт за Сан.
Роберт Џобсон открил за британскиот таблоид дека 75-годишниот монарх се сретнал со принцот само 30 минути откако тој набрзина долетал од Калифорнија. Имено, секоја проширена средба би завршила само со навлегување во стресни теми кои би го отежнале закрепнувањето на кралот, објаснил тој.
„Не сакате да му се зголеми крвниот притисок. Кралот не е многу добро, без оглед на видот на ракот, тој се лекува“, рекол Џобсон.

Додал и дека на монархот ќе му треба мир за да закрепне и дека наскоро може да го напушти Сандрингам за да живее на помирен имот.
„Најдоброто нешто за него е мирот. По првиот бакнеж, прегратка, она „те сакам тато и се надевам дека ќе оздравиш наскоро“, какви прашања би можеле да се постават?“ објаснил тој.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата