logo
logo
logo

Откриени 6 типови на луѓе кои не смеат да пијат пиво, дали и вие сте меѓу нив?

Vecer | 26.06.2022

Откриени 6 типови на луѓе кои не смеат да пијат пиво, дали и вие сте меѓу нив?

Без разлика дали одите во кафуле по напорниот ден или само сакате да го испиете на плажа, пивото е дел од рутината на многу луѓе. Ние како народ сакаме да пиеме пиво, но тоа не е за секого, лекарите открија шест типа на луѓе на кои не им е дозволено да пијат пиво.

Луѓе со историја на дијабетес или преддијабетес

Кога ќе помислите на чаша пиво, сигурно не размислувате за количината на шеќер во неа. Иако листата на состојки не секогаш наведува шеќер, тој природно се формира кога хмељот се ферментира со квасец.

„Пивото може брзо да предизвика зголемување на шеќерот во крвта на пациентот или, во состојба на дијабетес, да предизвика брз пораст на инсулинот и хипогликемија, што е исто така опасно“, вели д-р Мед. Џонатан Кунг, гастроентеролог во болницата Маунт Синај.

Луѓе кои се обидуваат да изгубат тежина или се со прекумерна тежина

Ако сакате да изгубите неколку килограми, можеби треба да го избегнувате овој популарен алкохолен пијалок.

„Пивото има од 100 до 200 калории и ниска хранлива вредност“, истакнува Кунг.

Според истражувањето објавено во списанието Nutrients, дневните количини пиво од 500 милилитри или повеќе ја намалуваат веројатноста за губење на тежината, особено кај мажите.

Имено, консумацијата на пиво може да го спречи постигнувањето на дневниот калориски дефицит потребен за слабеење. Заменете го шишето пиво со шише вода за да избегнете консумирање празни калории.

Луѓе чувствителни на глутен или со историја на целијачна болест

Да, пивото содржи глутен. Оние кои следат диета без глутен треба да избегнуваат да пијат пиво бидејќи тоа може да придонесе за дигестивни проблеми.

„Пивото често содржи глутен, кој кај многу пациенти може да предизвика воспалителен одговор во цревата, што резултира со гастроинтестинални симптоми“, вели Кунг.

Доколку не сакате да се откажете од овој пијалок, постојат пива без глутен кои би можеле да бидат подобра опција.

Луѓе со историја на синдром на нервозно дебело црево (IBS)

Проблемите со желудникот никогаш не се пожелни, но можат да предизвикаат посебни проблеми кај лицата со синдром на нервозно дебело црево.

Пивото често предизвикува надуеност, гасови, дијареа, а понекогаш и стомачни болки бидејќи го иритира ѕидот на цревата. Исто така, некои пациенти може да доживеат задржување на течности.

Луѓе со историја на хронично заболување на црниот дроб или цироза

Иако пиењето пиво звучи како добра идеја по долга недела, ако имате заболување на црниот дроб или цироза, избегнувајте го.

„Пивото е алкохол кој, кога се метаболизира во веќе иритираниот црн дроб (често во услови на цироза, вирусен хепатитис или автоимуна болест), може дополнително да го забрза оштетувањето на паренхимите на црниот дроб и на крајот може да резултира со намалена функција на црниот дроб“, вели Кунг.

Луѓе кои често имаат горушица

Доколку имате проблеми со киселината, дефинитивно треба да избегнувате разновидна храна, а на таа листа треба да се додаде и пивото.

„Пивото е познато дека ја ослабува способноста за затворање на долниот езофагеален сфинктер (кој го одвојува желудникот од хранопроводникот), што резултира со враќање на повеќе киселина во хранопроводникот, што резултира со симптоми на горушица“, објасни Кунг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk