Тужбата, која беше поднесена против легендарниот пејач и заводник, Хулио Иглесијас од две поранешни работнички за сексуално и психичко вознемирување, е отфрлена бидејќи судот во Шпанија процени дека нема надлежност да го испрашува пејачот.
Две жени кои работеле во неговите вили на Карибите го обвинија пејачот за сексуални напади и во тужбата наведоа дека биле сексуално нападнати и подложени на „несоодветно допирање, навреди и понижување, во атмосфера на контрола и постојано вознемирување“.
Судот ја отфрли тужбата, а Иглесијас сега ги тужи новинарите на порталот Диарио за „местенка“ со измислени ликови и видеа.
Иглесијас ги обвини новинарите за објавување, како што е наведено, лажни снимки и за учество во подготовката на правната постапка, и изјави дека новинарите дејствувале со „очигледен презир кон вистината“ со тоа што извршиле „местенка со професионални актерки“.Во тужбата, Иглесијас тврди дека интервјуата се „претходно монтирани видеа“ што ја наведуваат „јавноста да верува дека наводните жртви се појавиле пред камера, прикривајќи го фактот дека станува збор за реконструкции со професионални актерки“.
Уредничкиот тим на „Диарио“ одговори дека стојат зад сè што објавиле и нема да го повлечат.
„Долгиот, скап и сложен правен процес сега започнува, но убеден сум дека судовите на крајот ќе пресудат во наша корист. Апсолутно не жалам што ја објавив оваа вест, тоа беше наша должност“, рече еден од уредниците на порталот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата