Додека некои редовно инвестираат значителни суми, верувајќи во среќата и статистиката, повеќето играат само повремено, издвојувајќи неколку евра со надеж дека само тој мал облог би можел да им го промени животот.
Сепак, иако речиси секој сонува за голема добивка, понекогаш се појавуваат приказни кои покажуваат дека има и такви кои никогаш не ги бараат своите добивки.
Случај како овој неодамна привлече големо внимание во Белгија.
Добитникот на шест милиони евра никогаш не се појавил.
Белгиската национална лотарија објави дека од 1 јули до крајот на годината ќе го зголеми почетниот џекпот од сегашниот еден милион на дури 1,5 милиони евра. Причината за оваа необична одлука лежи во фактот дека добитникот на дури шест милиони евра, освоени на крајот на декември минатата година, никогаш не ги побарал своите пари.
Добитниот тикет бил потврден во белгискиот град Бланкенберге за време на специјалното новогодишно извлекување, но лицето кое ги освои милионите никогаш не се појавило да ја подигне наградата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата