logo
logo
logo

Осуден кардинал бара да биде дел од конклавата за избор на нов папа

Vecer | 24.04.2025

Осуден кардинал бара да биде дел од конклавата за избор на нов папа

Кардиналот Џовани Анџело Бечиу, некогаш една од најмоќните фигури во Ватикан, доби наредба од папата Франциск во 2020 година да поднесе оставка од своите „права и привилегии“ како кардинал откако се вмеша во финансиски скандал во Ватикан.

Кардиналот претходно ја извршуваше функцијата заменик во државниот секретаријат на светата столица, што е еквивалентно на шефот на кабинетот на папата.

Со оваа функција тој имал огромен авторитет во централната власт на црквата, пренесува „CNN“.

Во 2023 година, Бечиу беше осуден на пет и пол години затвор за проневера и измама. Тој е првиот кардинал кој е осуден од кривичниот суд на Ватикан.Додека прес-службата на светата столица го наведе како „негласач“, Бечиу во вторникот даде изјава за медиумите од Сардинија.

„Немаше експлицитна волја да ме исклучат од конклавата, ниту барање за мое експлицитно писмено откажување“, рече тој.Одлуката за неговото учество најверојатно ќе ја донесат деканот на колеџот за кардинали при изборот на нов папа може да гласаат само кардиналите помлади од 80 години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk