logo
logo
logo

Остатоци на исчезнат Аргентинец биле најдени во стомак на ајкула, го познале по тетоважата

Vecer | 28.02.2023

Остатоци на исчезнат Аргентинец биле најдени во стомак на ајкула, го познале по тетоважата

Диего Барија, 32-годишен татко на три деца, последен пат бил виден на 18 февруари како го вози својот теренец во близина на брегот на јужната аргентинска провинција Чубут.

Во неделата рано наутро, двајца рибари пријавиле на локалната крајбрежна стража дека фатиле три ајкули во близина на местото каде што било пронајдено возилото на Барија. Даниела Милатруз, офицер задолжен за потрагата по него, изјавил за локалните медиуми дека рибарите рекле дека „нашле човечки останки во една од ајкулите додека ги чистеле“.

„Семејството на Барија го препозна благодарение на тетоважата што беше видлива на еден од остатоците од телото“, додаде таа. Ќе следи ДНК анализа за да се потврди идентитетот на мажот.

Оштетеното возило на Барија е пронајдено на плажа во близина на Рокас Колорадас два дена откако исчезнал. Полицијата се уште не знае што точно се случило. „Претпоставуваме дека Диего доживеал сообраќајна несреќа и завршил во морето, а бидејќи тој викенд имало плима, телото најверојатно го одвлекле ајкули“, велат од полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk