logo
logo
logo

Осомничениот за саботажата на „Северен тек“ го прекина штрајкот со глад во италијански затвор

Vecer | 12.11.2025

Осомничениот за саботажата на „Северен тек“ го прекина штрајкот со глад во италијански затвор

 Украинецот кој се наоѓа во затвор во Италија и е обвинет за вмешаност во бомбашкиот напад врз гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море во 2022 година, го прекина штрајкот со глад што го почна во знак на протест против условите во затворот, соопшти неговиот адвокат.

Мажот идентификуван само како Серхиј К. (49) во согласност со германските закони за приватност, се смета за наводен организатор на нападите на гасоводите што доаѓаат од Русија во Балтичкото Море, три години по почетокот на инвазијата на Украина, пренесе ДПА.

Германските обвинители го обвинуваат дека заедно со други предизвикал експлозија на гасоводите и извршил антиуставна саботажа. Затоа треба да му се суди во Германија.

Осомничениот почна да одбива храна на 31 октомври и изгубил девет килограми, соопшти неговиот адвокат Никола Канестрини.

Италијанските власти му дале на Украинецот „формални уверувања“, додаде Канестрини, поради што тој одлучил да го прекине штрајкотот со глад. Затвореникот страда од нетолеранција на глутен, а властите сега му гарантирале дека ќе добива исхрана што одговара на неговите здравствени потреби.

Судот во Болоња неодамна одобри негово предавање на германските власти. Сепак, Канестрини изјави дека повторно ќе го изнесе случајот пред Врховниот суд во Рим и ќе поднесе жалба.

Судот претходно еднаш веќе ја запре екстрадицијата. Не е јасно кога ќе се одржи следното рочиште пред Касациониот суд. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk