Холи Герати (28) е мајка на три деца од Халифакс во Западен Јоркшир и изгубила речиси половина од својата поранешна тежина.
Холи почнала да слабее во 2018 година и досега ослабела 57 килограми. Она што е интересно е што таа не се откажала од работите што ги сака, туку имала план и пресметала колку калории може да изеде.
„Наместо да јадете во Мекдоналдс, можете сами да си направите сами и да јадете половина калории. Истото важи и за кари, ориз, леб, тие можат да содржат околу 730 калории наместо двојно повеќе кога јадете брза храна“, вели таа.
View this post on Instagram
Таа додаде дека додава здрава храна во своето дневно мени.
"Почнав да јадам повеќе овошје и зеленчук, повеќе се движев и планирав што ќе јадам во текот на денот за да не се прејадам. Подготвувам и тестенини, кари, плескавици, но направени дома", открила таа.
Мотивот за слабеење Холи го пронашла кај своите деца, бидејќи забележала дека не може да ги следи своите три деца (8, 6 и 2 години) во играњето и секојдневните обврски, па морала да седи на две седишта во автобусот.
View this post on Instagram