logo
logo
logo

Организирани игри во Абу Даби – дали би се осмелиле да учествувате во „Squid Game“ во вистинскиот живот?

Vecer | 16.10.2021

Организирани игри во Абу Даби – дали би се осмелиле да учествувате во „Squid Game“ во вистинскиот живот?

Во Абу Даби се организира првата игра инспирирана од серијата „Squid game“, по која целиот свет полуде.

Фановите на моментално најпопуларната серија во светот сега имаат можност да учествуваат во автентични игри од ова достигнување во Абу Даби.

Корејскиот културен центар во Обединетите Арапски Емирати организира серија игри за триесет учесници кои се поделени во два тима.

Како дел од играта, тие ќе се натпреваруваат во четири од вкупно шест натпревари од самата серија: Црвено светло-зелено светло, игра со кликер, колаче со форма и игла и играта од почетокот со црвено и плаво плико.

Наместо 38 милиони долари, за кои се борат повеќе од 400 учесници во „Squid Game“, во реалниот живот нема да има парични награди. Наместо тоа, најдобрите ќе ги добијат тренерките што ги носат хероите од оваа серија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk