Резолуцијата ја предложи Гана, а ја поддржаа 123 земји. Израел, САД и Аргентина гласаа против. Резолуциите на Генералното собрание на ОН не се правно обврзувачки.
Во резолуцијата се наведува дека поробувањето на Африканците и трансатлантската трговија со робови треба да се сметаат за „најсериозно злосторство против човештвото“ поради обемот, времетраењето, системската природа, бруталноста и трајните последици од злосторството, објави германска ДПА.
Американскиот претставник ја критикуваше резолуцијата, велејќи дека Обединетите нации не се основани за да промовираат специфични програми или како што тој опиша - специјализирани меѓународни годишнини.
Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на ропството и трансатлантската трговија со робови.
Помеѓу 16-ти и 19-ти век, европските колонијалисти поробувале милиони Африканци и ги депортирале во Америка и Карибите, од кои многумина умирале за време на патувањето.
Велика Британија ја укина трговијата со робови во 1807 година, а ропството официјално беше забрането во САД во 1865 година.
Обединетите нации го забранија ропството низ целиот свет со усвојување на Универзалната декларација за човекови права во 1948 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата