logo
logo
logo

Анкета: Три четвртини од жителите на Германија секојдневно слушаат радио

Vecer | 26.03.2026

Анкета: Три четвртини од жителите на Германија секојдневно слушаат радио

Според анализата, вкупно 53 милиони лица на возраст над 14 години секојдневно поминуваат по 250 минути слушајќи радио. Истражувањето било спроведено во периодот од декември 2024 до декември 2025 година и опфатило 67.000 испитаници.

Податоците покажуваат и пораст на популарноста на поткастите. Речиси половина од анкетираните (49,5 отсто) изјавиле дека барем еднаш слушале поткаст, додека кај популацијата на возраст од 14 до 49 години овој процент е значително повисок и изнесува 66 отсто.

Дигиталните канали за емитување веќе опфаќаат 34,5 отсто од вкупниот радиосектор, што потврдува дека слушателите сè повеќе се вртат кон современите технолошки форми.

Работната група за медиумски анализи (AGMA) е асоцијација на 200 медиумски и маркетиншки компании која повеќе од половина век собира податоци за навиките на слушателите и трендовите на рекламниот пазар во радиоиндустријата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk