logo
logo
logo

ОН: Домаќинствата во светот дневно фрлаат една милијарда оброци

Vecer | 27.03.2024

ОН: Домаќинствата во светот дневно фрлаат една милијарда оброци

Во извештајот на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) за индексот на отпадот од храна се наведува дека најголемиот дел од таков отпад, 60 отсто, доаѓа од домаќинствата.

Околу 28 проценти од фрлената храна е од рестораните, а 28 отсто од супермаркети, месарници и други продавници.

- Фрлањето на храна е глобална трагедија. Милиони луѓе ширум светот ќе останат гладни денес бидејќи храната се троши залудно, изјави извршната директорка на УНЕП, Ингер Андерсен.

Ричард Сванел од невладината организација ВРАП (WRAP), која учествуваше во изготвувањето на извештајот, истакна дека еден оброк дневно од фрлената храна, може да ги нахрани сите 800 милиони луѓе кои страдаат од глад во светот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk