Иако, според лекарите ширум светот, сојот омикрон на корона вирусот во некои случаи е нешто поблаг од претходната варијанта (иако е позаразен!), може да предизвика многу тешки симптоми и да бара третман, па затоа не треба да се зема тукутака. Доколку забележите некоја од овие промени, задолжително појдете на преглед.

Не е мал бројот на заразени со корона вирус кои се опоравиле дома, а има, за жал, многу пациенти кои ја минале, а некои и изгубиле, борбата против Ковид. Исходот не е секогаш познат, изолација по првите симптоми, како и тестирањето и посетата на лекар. Иако многу случаи поминале без сериозни состојби, омикронот не треба да се сфаќа лесно и има симптоми заради кои е важно што поскоро болниот да се упати во медицинска установа наменета за ковид пациентите.

Д-р Ендрју Морис, од Одделот за заразни болести на Универзитетот во Торонто, редовно ги пишува на својата веб-страница Covid Emails најновите сознанија за корона вирусот и што покажува неговото искуство во работата со пациенти, а неодамна изнесол низа интересни забелешки. Како што истакнал, кај омикрон сојот некои од симптомите се температура од најмалку 38 Целзиусови степени, кашлица, затнат нос, болки во мускулите, замор и болки во грлото, што многумина го посочуваат како еден од првите знаци на оваа варијанта на ковид. Губењето на сетилото за мирис и вкус се јавува поретко во случајот на омикрон отколку кај другите видови, а тој забележува дека сите со прекумерна тежина, оние кои имаат претходни респираторни проблеми, заболувања на црниот дроб или дијабетес мора што поскоро да започнат со леквање за исходот да биде што подобар.

 

Кога да се оди во здравствена установа?

Неговиот колега и имењак од Американскиот универзитет во Јута смета дека најважно е да се внимава на квалитетот на дишењето.

– Општо земено, ако кашлате, ве боли грло, имате треска и болки во мускулите, а можете да пиете течности и да дишете без тешкотии, ако ви одговара типот на генот што го имате кога сте дома поради настинка или грип, тоа е во ред, вели д-р Ендрју Павија од Одделот за детски заразни болести на Универзитетот во Јута. – Најчест симптом кој предизвикува проблеми се потешкотиите со белите дробови.

Ова значи нешто навидум безопасно, како што е краток здив, па понатаму и потешки симптоми. Дури и кога имате впечаток дека дишете нормално, но вашата кашлица се влошува, контактирајте го вашиот лекар за да бидете сигурни дека сте загрижени без причина или дека ви треба помош.

Со ова се согласни и лекарите од славната клинија „Мејо“.

– Доколку имате потешкотии со дишењето, мора да побарате лекарска помош. Болката во градите или притисокот во градите е уште една причина за посета на лекар, како и ако чувствувате збунетост, вртоглавица или како да можете да ја изгубите свеста. Ако вие или некој друг забележи дека сте бледи или дури сини, особено усните или врвовите на прстите, тоа е знак дека ви треба кислород и дека треба што побрзо да стигнете во болница, вели д-р Мелани Свифт од „Мејо“ клиника.

Секој кој има некаква хронична состојба или проблем со дишењето не смее да зема здраво за готово ниту еден вид корона вирус и да се лекува самостојно, напомеуваат експертите.