Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот посочуваат дека холандскиот пазар е мошне значаен за развојот на туризмот во земјава.
„Учеството на саемот и промоцијата на македонскиот туризам индиректно придонесува за континуиран раст на бројот на холандски туристи во Република Македонија. Лојалноста во туризмот која најтешко се постигнува, Македонија на овој пазар и официјално ја постигна со тоа што успеа да врати по втор или трет пат холандски туристи кои имаат желба да посетат и други делови од земјава, освен најголемите туристички центри“, информираат од Агенцијата.
Саемот во Утрехт е најголема туристичка саемска манифестација во тој дел на Европа со учество на над илјада излагачи од стотици земји и дестинации. Претставува одлична можност за компаниите од областа на туризмот да ги презентираат своите понуди, а учесниците да се поврзуваат со потенцијални клиенти и деловни партнери.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата