logo
logo
logo

Официјалната истрага утврди дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

Vecer | 16.10.2025

Официјалната истрага утврди дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

Во несреќата загинаа сите пет лица на подморницата, вклучувајќи го и директорот на „Оушенгејт“, Стоктон Раш.

Според извештајот на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB), процесот на развој на инженерството на „Титан“ бил „несоодветен“, што довело до грешки што предизвикале подморницата да не ги исполни стандардите за цврстина и издржливост.

„NTSB“ тврди дека „OceanGate“ никогаш правилно не го тестирал „Titan“ и затоа не знаел колку е силна подморницата всушност. Покрај тоа, компанијата не била свесна дека бродот е оштетен и требало да биде деактивиран пред фаталното нуркање.

Титан исчезна во Северниот Атлантик додека се обидуваше да стигне до остатоците од легендарниот брод Титаник,  кој се наоѓа на околу 600 километри од канадскиот град Сент Џонс во покраината Њуфаундленд и Лабрадор.

Во август 2024 година, американската крајбрежна стража издаде посебен извештај во кој ја опишува несреќата како „целосно спречлива“ и ја критикува „OceanGate“ за „сериозно погрешни безбедносни практики“.

Подморницата на последното нуркање ја пилотирал Стоктон Раш, а во Титан беа и познатиот истражувач на океаните Пол-Анри Наргеолет, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулејман Давуд. Сите платиле до 250.000 долари за учество во експедицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk