На социјалната мрежа ТикТок се појави неверојатна фотографија која насмеа многумина, особено во соседството. На неа е прикажан необичен споменик лоциран на гробиштата „Стопања“, кои се наоѓаат во селото Стопања во околината на Крушевац. Споменикот привлече големо внимание бидејќи покрај фотографијата на која се наоѓа видно заљубен пар, тука е и текстот на песната на Селин Дион „My Heart Will Go On“, што само по себе не би било чудно, доколку текстот на песната не е напишан на кирилица.
@malitrtka #kamenorezac @#krusevac #ludnica ♬ original sound - Trtka
- Еври најт ин мај дримс ај си ју ај фил ју... дат из хаоај ноу ју го он... - пишува на споменикот.
Коментарите се многубројни, а многумина не можат да поверуваат дека познатата песна е опишана на „српски начин“, односно „според Вук“, а има и од оние кои се апсолутно воодушевени од ова креативно решение.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата