logo
logo
logo

Холандската полиција во 2024 година конфискувала рекорден износ на криптовалути

Vecer | 24.01.2025

Холандската полиција во 2024 година конфискувала рекорден износ на криптовалути

Холандската полиција во 2024 година заплени над 41 милион евра во криптовалути, рекорден износ поврзан со наводни криминални активности, пишува весникот „Фолкскрант“.

Заплената, спроведена од страна на тимот за високотехнолошки криминал, претставува значаен чекор во борбата на Холандија против организираниот сајбер криминал.

„Ова е огромен рекорд и ние сме горди на тоа“, рече Роб ван Бри, шеф на Националната единица за истрага и интервенција, во интервју за весникот.

Иако точните бројки од претходните години остануваат нејасни, Ван Бри потврдува дека вкупниот број за 2024 година на далеку ги надминува „неколкуте милиони евра“ кои вообичаено беа конфискувани во претходните години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk