logo
logo
logo

Од пријателите родени во овие знаци не очекувајте да чуваат тајни

Vecer | 25.09.2021

Од пријателите родени во овие знаци не очекувајте да чуваат тајни

На сите ни е потребен пријател кому можеме да му кажеме се и кој знаеме дека ќе ги чува нашите тајни. Факт е дека пријатели има, но факт е дека и се помалку вистински и искрени има. Понекогаш не е лесно да се процени кому да му верувате. Впрочем, не секој може да биде добар чувар на тајни.

Еве три хороскопски знаци на кои според астрологијата не треба многу да им се верува, иако ова секако не е правило.

Риби

Тоа се интелигентни луѓе. Знаат кога и како можат да ја завршат својата работа. И иако прават добри пријателства, не е секогаш добро да им верувате на рибите. Причина? Кога ќе дојде време, нема да им пречи да ја откријат вашата тајна некому.

Поголемиот дел од времето рибите се опседнати со самите себе, и доколку е потребно, нема да им пречи да се избираат себеси пред некој друг. Така, следниот пат кога ќе им се доверите на рибите, можете да очекувате неочекувано.

Стрелец

Тоа се луѓе кои сакаат забава и ентузијазам. Нивното задоволство и забава останува приоритет за нив најчесто. Ако добро се забавуваат со вас, се е во ред, но ако и кога работите тргнат наопаку меѓу вас, не треба да очекувате дека ќе ја задржат вашата доверба. Нивната мантра е: Ако правиш добро, доброто ќе ти се врати.

Лав

Лавовите се опуштени и весели луѓе. Тие се добри пријатели и добро е да ги имате со вас. Тие сигурно нема да ја скршат довербата на никого се додека цената на нивното достоинство и / или достоинството на нивното семејство не е доведена во прашање. Затоа е подобро да имате на ум и да внимавате што му кажувате на лавот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk